Мурињо цели кон кам-бек во Премиер-лигата!

292

Жозе Мурињо не е задоволен во Италија, па постојано гледа кон Премиер-лигата. Тој никогаш не криел дека е отворен за понуди од Островот, сака да се врати на местото каде некогаш беше тренер во Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Португалецот е свесен дека Американците не можат да вложат многу во Рома, па токму затоа овој тим не е моќен за големи работи.

Добро е познато дека Мурињо секогаш сакал да се бори за титула, за гламурозни вечери во Лигата на шампиони, а моменталниот буџет на Рома не го дозволува тоа.

Прашањето е како би можел да се врати во Премиер-лига и во Челзи.

Тој преку Мендеш порача дека е заинтересиран да дојде на „Стемфорд Бриџ“, но засега нема одговор, бидејќи Американците се држат до Потер, но доколку нема резултати сигурно на лето ќе бараат нов тренер.

Прва понуда која Мурињо може да ја добие е од Вест Хем, бидејќи Мојес има проблеми, но Португалецот не може да влета среде сезона. Тоа би било после завршување на истата.

ПретходноВардар 1961 без тројца играчи против тимот кого повеќе од девет години редовно го победува!
СледноСнајдер со совет за новиот тренер на Ајакс: Избркај го Тадиќ!