Недановски и Стоилов реални: Татран заслужено победи, мора да бидеме подобри

110

Ракометарите на Вардар 1961 со пораз ја почнаа новата СЕХА сезона. На гости во Словачка денеска беа поразени од Татран Прешов. По мечот, тренерот на тимот, Недановски, вели дека ова е само почеток и Вардар ќе биде многу подобар во останатиот дел од сезоната.

„Заслужена победа на Татран. Многу наши играчи неодамна се вратија од СП. Покрај тоа, морам да бидам искрен и да кажам дека одбраната на Татран 5-1 не изненади денеска. Добро е што ова беше само првиот натпревар во сезоната и знаеме дека ќе бидеме подобри како што ќе одминат деновите и неделите. Мораме да се фокусираме и на нападот и на одбраната и да го направиме тоа што побрзо можеме“, вели Недановски.

Капитенот Стојанче Стоилов вели дека Вардар се уште е во фаза на подготовки.

„Во основа ние се уште сме во подготвителен период со многу играчи кои се враќаат од репрезентативните обврски. Нашиот тим е сосема поинаков од минатата сезона и мораме да бидеме искрени и да кажеме дека не се претставивме добро вечерва. Сигурно ќе научиме од ова. Татран едноставно ја сакаше победата повеќе од нас денеска и мораме да им честитаме на заслужената победа“.

ПретходноЗидан одбра четири клуба во кои би сакал да биде тренер!
СледноПоднел оставка како претседател на клубот за да биде нивен играч