Тренерот на Ал Наср, Руди Гарсија, верува дека Кристијано Роналдо ќе се врати во Европа.
„Роналдо е добро засилување бидејќи го краде вниманието на дефанзивците. Тој е еден од најдобрите играчи во светот. Сигурен сум дека нема да ја заврши кариерата во Ал Наср, туку ќе се врати во Европа“, рече Гарсија.
На крајот на декември Роналдо потпиша договор со Ал-Наср на 2,5 години. На првите два официјални натпревари за саудискиот клуб, португалскиот напаѓач не постигна гол.