Снајдер со совет за новиот тренер на Ајакс: Избркај го Тадиќ!

805

Играчите на Ајакс минуваат низ огромна криза, поради што Алфред Шредер доби отказ. Овој тим е во серија од седум меча без победа во холандскиот шампионат, тимот го загуби карактерот и нема да му биде лесно на новиот тренер.

Сепак, Весли Снајдер има неколку совети за него, бидејќи кога гостуваше во една емисија, на прашањето како ќе го среди Ајакс, тој одговори:

„Под број еден, од тимот мора да се избрка Тадиќ. Второ мора да се избрка Беси, да се врати од каде што дојде. Не сум фан на Алварез. И јас кажав нешто за Санчез минатата недела. На социјалните мрежи, моето сандаче е преполно со Мексиканци кои не ги поддржуваат моите коментари. Не знам дали се емитуваат натпревари на Ајакс во таа земја, но претпоставувам дека можат да гледаат и да видат дека и двајцата играчи се катастрофа“, рече Снајдер.

Како нов тренер на Ајакс се споменува селекторот на Хрватска, Зоран Далиќ.

ПретходноМурињо цели кон кам-бек во Премиер-лигата!
СледноКалин ќе игра финале во Тунис