Спуштен „гардот“ на МЗТ Скопје во Подгорица, без одбрана – нема победа!

105

Бледо издание на МЗТ Скопје на гостувањето кај С.Ц. Дерби во рамките на 17. коло во АБА-лига за нов пораз оваа сезона, овој пат од 103-85. Тимот од Аеродром пропушти шанса да го направи првиот чекор кон битката за опстанок, со ваква игра, без одбрана, нема да мрдне од дното. Сега има две победи и 15 порази. За постетување Дерби е еден од двата тима против кого „сино-белите“ славеа во првиот дел.

Мицовиќ и Кафи беа први стрелеци со по 20 поени, Војдан постигна 11 поени, Дамјан 10. На другата страна Џексон реализираше 20 поени.

Лошо прво полувреме одиграа „сино-белите“, примија 62 коша, одбраната беше главниот проблем за избраниците на Драган Николиќ, противникот лесно поентираше. Во првата четвртина Дерби реализираше дури 36 поени, на другата страна МЗТ Скопје реализираше 28.

Домаќинот во вториот период со серија од 10-2 успеа да поведе со плус 14 (58-44), на одморот предноста беше 15 поени (62-47).

Малку подобра одбрана, по стартните 64-47 на отварањето на третата четвртина, беше доволна за да МЗТ Скопје ја стопи двоцифрената предност, со серија од 8-0 намали на 64-55. Но, Дерби успеа да дојде до највисоката предност од 25 поени (83-58), во меѓувреме не помогна тајм-аутот на Николиќ. Токму од краткиот кам-бек, домаќинот постигна 19 поени, додека прими само три.

Кошаркарите на Дерби имаа и подобра реализација од поле, до пред стартот на последната четвртина истата беше 80%, додека пак актуелниот македонски првак 42.9.

До крајот МЗТ Скопје не успеа да се врати. Шанса за победа ќе бара против Цибона на домашен терен.

ПретходноВиктор Ангелов потпиша за романска Глориа Бузау
СледноДва гола на Сон и деби-гол на Данџума за пласман на Тотенхем во осминафиналето на ФА Купот (ВИДЕО)