Еден од Македонските претставници во АБА 2 лигата, тимот на ТФТ од Скопје, прадмалку дојде до третата победа сезонава во ова натпреварување откако со конечни 74:70 беше подобар од екипата на Вриједносницте Осијек.
Нашиот тим во текот на целиот меч имаше контрола на резултатот, дури имаше и двоцифрена предност, за да на крајот сепак се влезе во неизвесна завршница.
Но, ТФТ успеа да се справи со ситуацијата и да дојде до посакуваниот триумф.
Трент Бутрик со 24 поени е најјефикасен на дуелот, а додаде и десет скока. Следен на листата стрелци Андерсон со 11 поени како и Страхил Николов со десет коша.
Кај Хрватскиот состав Бредфорд со 22 поени на чело на листата на стрелците.