Феникс го совлада ФМП за осма сезонска победа

72

Феникс 2010 ја оствари осмата победа во Првата кошаркарска лига откако во 13.коло славеше над Академија ФМП со 76-96. Кошаркарите на Феникс одиграа одличен натпревар, цел меч имаа предност на полувреме 39-50. А не дозволија да паднат во третата четвртина кога домаќинот одигра одлично и од негатива од -19 стигна до -3. Во завршницата гостите се вратија во ритам и ја однесоа победата.

Феникс ги имаше расположените Бојан Трајковски и Андреј Митревски. Првиот заврши со 32 поени и 9 асистенции, додека другиот со 23 поени и 7 асистенции. Кај Академија ФМП најефикасен беше Смит со 24 поени, а 22 поени постигна Настовски.

 

 

ПретходноРистовски со погодок за Динамо Загреб (видео)
СледноДрита Ислами постави државен рекорд