Филип Најдовски освои награда во изборот на најдобрите во Албанија

461

Македонскиот фудбалер Филип Најдовски си освои награда во изборот на најдобрите фудбалери во албанскиот шампионат за 2022 година. Нашиот дефанзивец се најде во тимот на сезонава. Инаку тој од 2020 година е играч на Тирана, а претходно ги бранеше боите на неколку македонски екипи Вардар, Победа, Тетекс, Напредок и Цементарница.

Инаку Тирана стана шампион минатата година, а оваа сезона по 18 кола е лидер со 34 бода, четири повеќе од вториот Партизани.

 

 

 

ПретходноДрита Ислами постави државен рекорд
СледноМартинез со два гола му донесе победа на Интер на гости кај Кремонезе (видео)