Шкендија одигра 1:1 со Мура на контролата во Анталија!

289

Шкендија одигра 1:1 против Мура на својата прва пријателска средба во Анталија. Тимот од Словенија поведе со гол во првото полувреме преку Стијеповиќ, додека тетовци во 73.минута преку Решат Рамадани од пенал, успеа да дојде до реми. Солиден настап на тимот на Ќатип Османи, шанса добија и неколку фудбалери кои зимава дојдоа во Шкендија, но јасно е дека е потребно време “коцките“ да се наместат како што треба.

Да кажеме дека Мура во летото 2021 година, во првото коло во квалификациите во ЛШ, ја елиминира Шкендија со вкупни 0:6.

ПретходноРистовски: Адеми е мој брат, ова што му го прави јавноста е страшно
Следно„Пиратите“ ремизираа во голеадата со Арсими!