Очаен и блед Вардар 1961, Татран Прешов слави победа после повеќе од девет години!

412

Вардар 1961 со пораз ја отвори сезоната во СЕХА-лига, откако на гостувањето кај Татран Прешов беше совладан со 27-23. Ова беше прва победа за домаќинот после девет години, ја прекина негативната серија од 13 порази во низа.

Владо Недановски на овој меч не сметаше на Дејан Манасков, Борко Ристовски, Стефан Атанасовски и Андреј Добрковиќ.

Талески со осум гола беше прв стрелец, по четири имаа Георгиевски и Карапалевски.

Едно лошо издание на актуелниот македонски првак на првиот официјален меч во оваа 2023 година. Дуелот од првото коло од новата сезона во СЕХА-лига почна изедначено, избраниците на Владо Недановски поведоа со 4-7, но Татран Прешов одговори со 5-0 серија за 9-7. Додека „црвено-црните“ го бараа вистинското решение, домаќинот успеа да дојде на плус три 14-11, резултат со кој заврши првото полувреме. Од 11-те гола за Вардар, осум од нив беа дело на Талески и Георгиевски.

Татран по првите 13 минути во второто полувреме дојде до позитива од чеири гола 20-16. На другата страна македонскиот првак беше без идеја во нападот, единствен кој нешто правеше беше Талески. Не застана противникот, четири минути подоцна водството го зголеми на 21-16.

Во серија на грешки и лош ракомет на теренот, Вардар се разбуди, ја зацврсти одбраната. Бразилецот Фереира постигна три гола во серијата од 5-1 за 22-21 во 24. минута. Татран врати со два гола за 24-21 на нецели четири минути до крајот. Стоилов украде две топки, Мишевски и Стојановски рализираа за 24-23, Лопез беше сигурен од седум метри за 25-23. Карапалевски изгуби важна топка и тука беше крајот.

ПретходноЕмполи до 82.минута водеше со 2:0, за да на крај среќно дојде до бод! (ВИДЕО)
СледноБерлинско дерби: Унион и стана кошмар на Херта (видео)