По денешниот пораз од 6:0, Абердин му врачи отказ на тренерот

241

Абердин влезе во неверојатна криза на резултати во Шкотска. Тимот на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во изминатите десеттина дена доживеа три дебакли. По онаа елиминација од Ренџерс во полуфиналето на Лига купот (2:1), следуваа катастрофални резултати. Доживеаја пораз од Хартс со 5:0, потоа беа елиминирани во ФА Купот од аматерите од Дарвел (1:0), а денеска беа демолирани од Хибернијан со 6:0 во првенството. Миовски беше стартер и играше до 83 минута.

Веднаш по мечот раководството на клубот му врачи отказ на менаџерот Џим Гудвин и неговиот помошник Ли Шарп што значи дека во наредните денови нашиот фудбалер ќе добие нов тренер.

 

 

 

ПретходноБарселона шести пат сезонава победи со 1:0, стрелец Педри во неговиот 100-ти меч (видео)
СледноРистовски со погодок за Динамо Загреб (видео)