Голема, огромна прашина се крена во јавноста во Хрватска околу ситуацијата во НК Динамо. Трофејниот клуб, великанот на екс југословенскиот но и во сегашно време сериозно организираниот и успешен клуб, е на мета на превирања од организациски тип, поточно раководните структури, бивши и сегашни се борат отворено за превласт, како преку клупските органи, така и преку медиумите.
Дали сето тоа реално влијае на тимот, односно на играчите кои со оглед на амбициите на Динамо мора секогаш да се први, и да победуваат, одговор даде нашиот репрезентативен капитен Стефан Ристовски, кој заедно со Аријан Адеми, е алфа и омега во тимот на „Модрите“.
Тој за Спортске новости даде опширна изјава во која самиот по себе ги коментира збиднувањата очигледно и со голема желба да разреши многу шпекулации во јавноста.
„Не знам како е можно така лесно да излегуваат информации од нашата соблекувална. Оној напис за наводниот конфликт на релација тренер Чачиќ – Аријан Адеми, е тотално измислен и изваден од контекст. На нашиот состанок во сосема ведра и може да кажам „заебантска“ атмосфера тренерот Чачиќ најпрво мене ме праша, „ти Риле имаш ли нешто да кажеш“… на што јас вратив не шефе се е ок.. потоа следуваше прашање кон Адеми.. „а ти капитену, дали имаш ти нешто да додадеш“… на што Адеми рече… „не немам шефе, ајде одиме…“рече Адеми и на тоа се заврши се. Нема никаков конфликт на релација екипа, поединци, тренер. Па да би имало мислите ли дека тоа така лесно ќе помине, дека нема да има одраз на нешто. Нема ништо верувајте. Од друга страна ужасно е ова што јавноста му го прави на Адеми. Тоа е капитенот, икона на Динамо. Јавноста е не фер спрема него“ – изјави Ристовски, кој како и обично е без „влакна на јазикот“ и во секоја прилика буквално кажува се што треба да се каже.