Македонскиот фудбалер Филип Најдовски си освои награда во изборот на најдобрите фудбалери во албанскиот шампионат за 2022 година. Нашиот дефанзивец се најде во тимот на сезонава. Инаку тој од 2020 година е играч на Тирана, а претходно ги бранеше боите на неколку македонски екипи Вардар, Победа, Тетекс, Напредок и Цементарница.
Инаку Тирана стана шампион минатата година, а оваа сезона по 18 кола е лидер со 34 бода, четири повеќе од вториот Партизани.