Бенфика не попушта, Челзи одлучил: Ќе „пукне“ 120 милиони евра за Фернандез!

183

Челзи повторно преговара за трансфер на играчот од средниот ред на Бенфика, Енцо Фернандез. Според новинарот Фабрицио Романо, „сините“ сакаат по секоја цена да го ангажираат фудбалерот и се подготвени дури и да платат 120 милиони евра за него, сума на која инсистира клубот од Лисабон според клаузулата во неговиот договор.

Претседателот на Бенфика, Руи Коста се уште не сака да се согласи на заминување на играчот оваа зима, па Челзи во последните часови од преодниот рок има само една опција: да ја активира клаузулата за заминување со понуда од 120 милиони евра.

Одлуката ќе биде донесена во следните два дена.

ПретходноАлегри: Да бидеме реални, сега треба да останеме надвор од зоната за испаѓање
СледноДанската машинерија го одбрани тронот и испиша историја на Светските првенства!