Брајтон го елиминираше Ливерпул од ФА купот (ВИДЕО)

106

ФА купот на Англија годинава ќе има нов освојувач, затоа што бранителот на титулата, тимот на Ливерпул е елиминиран од Брајтон. Предмалку аутсајдерот постигна одличен резултат и со 2:1 го елиминираше на свој терен фаворитот за кого се сметаше дека ќе оди до крај во ова натпреварувење.

Елиот го доведе Ливерпул во водство, но Данк до крајот на полувремето изедначи за Брајтон.

И кога се очекуваше последниот свиреж на судијата, Митома погоди за домашните и го шокираше Јирген Клоп и неговите избраници. Ова беше дуел од 1/16 финалето на ова натпреварување.

ПретходноБеса немоќна против Турон
СледноМишов му донесе триумф на Тиквеш против Феризај