Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд оствари две победи на ски-скокалницата „Кулм“ во австриски Тауплиц и со тоа изби на првото место во генералниот пласман во СК. Во саботата Гранеруд победи пред домашниот натпреварувач Штефан Крафт и Словенецот Домен Превц, а следниот ден Норвежанецот заврши прв пред Словенецот Тими Зајц и Штефан Крафт.
Победникот на „Новогодишната турнеја – Четири скокалници“ има 1316 поени на чело на табелата во генералниот пласман симнувајќи го Полјакот Давид Кубацки кој има 1204 поени. Трет е Анже Ланишек со 990 поени.
Следните скокови се во германски Вилинген на 4 и 5 февруари.