Е. Пелистер без четворица играчи во Нови Сад

237

Е. Пелистер утре ја отвара новата сезона СЕХА-лига. Битолскиот тим на стартот ќе игра против Војводина на гостински терен.

За оваа средба тренерот Ларс Валтер нема да смета на четворица играчи. Емилијан Ѓорговски, Руди Сери, Мухамед Суси и Бојан Маџовски останаа во Битола.

Шанса да ги одигра првите минути во Е. Пелистер ќе чека Петар Атанасијевиќ, кој по СП и одличниот настап беше прекомандуван во првиот тим. Минатата сезона македонскиот вицепрвак го освои бронзениот медал во ова натпреварување.

ПретходноНовак со пцовки одговори на провокациите во финалето на АО!(ВИДЕО)
СледноЕтеми не запира: Нов гол на македонскиот репрезентативец за Истанбулспор! (ВИДЕО)