Кирил Лазаров е име кое долго време ќе се споменува во светот на ракометот. Неговите рекорди кои ги постави засега остануваат како недостижни. Еден од нив е бројот на постигнати голови на едно Светско првенство. Лазаров во 2009 година стигна до бројката од 92 погодоци.
Ниту по овој Мундијал, не само што никој не успеа да го урне рекордот, туку не беше ниту близу до истиот. Најдобар стрелец е Матијас Гидсел со 60 погодоци. Далеку зад Лазаров.