Леброн Џејмс беше лут откако ЛА Лејкерс загубија од Бостон Селтикс со 125-121 по продолжение. На четири секунди до крајот на регуларниот дел, при 105-105, ѕвездата на Лејкерси се упати кон кошот на Бостон за да го постигне победничкиот кош.
Полагањето не беше прецизно, а судиите не досудија прекршок, поради што Џејмс полуде, одеше по судијата и се фрли на подот. На крајот отиде до клупата и ја покри главата со крпа. По истекот на времето, соиграчот на Џејмс, Патрик Беверли, ја донесе камерата кај судијата за да му ја покаже спорната ситуација, а тој му даде техничка грешка
Судијата Ерик Луис по натпреварот призна дека направил грешка и дека Џејсон Тејтум го фаулирал Џејмс. Кога новинарите побараа од Џејмс да ја коментира ситуацијата, тој рече: „Ја видовте мојата реакција“. Тој потоа одговори на прашањето како да се помират со судиските грешки кои се случуваат во последно време.
„Многу е тешко, не разбирам, не разбирам. Го напаѓам кошот како и секој друг играч во лигата кој има двоцифрени слободни фрлања по натпревар. Не го разбирам тоа“, изјави Џејмс, кој против Бостон забележа 41 поен, девет скока и осум асистенции.
LEBRON JAMES IS FIGHTING BACK TEARS OVER A FOUL CALL 💀pic.twitter.com/tKQYFG17ST
— 𝙍𝙞𝙡𝙚𝙮 ☘️ (@CelticsRiley) January 29, 2023