Шпанскиот првак Реал (М) остана без победа на домашен терен на мечот со Реал Сосиедад иако имаше комплетна доминација со неколку извонредни шанси. Средбата заврши без голови 0:0 и овој резултат оди комплетно во полза на Каталонците, кои сега имаат предност од 5 бода во однос на својот лут ривал.
Реал не ускористи ниту една шанса од неколкуте одлични во двете полувремиња, а Сосиедад остана со празна мрежа освојувајќи голем бод на ова тешко гостување. Баскијците остануваат на третото место на табелата на само три бода од својот денешен рива и до крајот на сезоната ќе се обидат да го нападнат врвот.
Standings provided by Sofascore