Швајцарецот Марко Одермат оствари двоен триумф во супервелеслаломските трки во италијанската Кортина д’Ампецо. Во саботата Одермат победи пред Александер Амод Килде и Матија Касе, а денеска Австриецот заврши пред Доминик Парис и Даниел Хеметсбергер.
Со овие два триумфи Одермат го зацврсти првото место во генералниот пласман со 1386 поени, а вториот Килде има 1073. Одермат води и во супер велеслаломот со 540 поени, пред Килде кој има 392.
ODERMATT CONCEDE IL BIS! 🐐🇨🇭
Doppietta dello svizzero nel Super-G di Cortina d’Ampezzo (28/01 e 29/01): ottava vittoria stagionale in Coppa del Mondo! ⛷️🏆🇮🇹 #EurosportSCI | #FISAlpine | #Cortina | #Odermatt pic.twitter.com/Zn3K6vWUtQ
— Eurosport IT (@Eurosport_IT) January 29, 2023
Во женска конкуренција денеска се возеше слалом во чешки Шпиндлерув Млин, а победи Германката Лена Дир пред великанот Микаела Шифрин и хрватската скијачка Зринка Љутиќ. За Дир ова е прва победа во Светскиот куп.
Дир за шест стотинки беше побрза од Шифрин која пред некој ден го собори рекордот по најмногу победи во женска конкуренција во аплско скијање. Германката имаше одличен викенд во Чешка затоа што на саботната слаломска трка заврши втора зад Шифрин, а пред Венди Холденер.
Во генералниот пласман Шифрин е прва, пред Петра Влхова.
What a day for @lenaduerr Who accomplished an almost impossible mission with a perfect run in @skiworldcupspindl to win his first World Cup Slalom victory 🤩#fisalpine pic.twitter.com/P5H0wSN8y4
— FIS Alpine (@fisalpine) January 29, 2023