Кошаркарите на Еуро Никел врза и трета последователна победа откако вечерва славенички го завршија гостувањето во Куманово. Кавадарчани славеа со 63:72, ја остварија осмата победа сезонава и се израмнија со Феникс на делба на 4. место на табелата.
Решавачка се покажа првата четвртина во која Куманово почна очајно. Еуро Никел ги заврши првите 10 минути со предностод 15 поени, која подоцна домашните успеаја само да ја намалат, но не и да ја достигнат.
Планиниќ со 15 поени беше лидер кај гостите, а одличен меч одиграа и Стојановски со 14 и Џекиќ со 11 поени. Кај Куманово најпрецизен беше Џојнер со 19 поени.