Со головите на Чурко во 46. минута односно Антјук во 72. украинскиот првлигаш, Зорја беше подобар од Академија Пандев со конечни 2:0 во пријателскиот дуел одигран во Анталија.
Ова за Струмичани беше трет пријателски меч во Турција зимава и втор пораз. Претходном беше совладан тимот на Раднички Ниш со 1:4, а беше претрпен пораз од тимот на Пловдив со 0:1.
За Академија Пандев во Анталија преостанува да одигра уште еден меч пред да се врати дома