Црвена Звезда денеска беше домаќин на легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев, кој во друштво на претседателот Светозар Мијаиловиќ ги посети клупските простории, музејот и уште еднаш ја потврди љубовта кон „црвено-белите“.
„Како мал го сакав овој клуб и навивав за него. Звезда е голем клуб и за неа играле многу големи играчи. Има неверојатна историја. Среќен сум што сум овде. Ќе го ставам дресот на Звезда во мојот музеј. Ми недостасуваше црвено-белиот дрес со моето име“, изјави Горан Пандев.
Горан Пандев не заигра за неговиот омилен клуб од детството но остави длабок траг во италијанскиот фудбал, посебно за Интер, Лацио и Наполи.
„За Звезда играле многу македонски фудбалери, а Дарко Панчев и Илија Најдовски оставија најголема трага. Ја освоија ЛШ што за играчите е најголем успех и сон, а знаеме колку е тоа тешко“, заклучи Пандев.