Данската машинерија го одбрани тронот и испиша историја на Светските првенства!

440

Завесата на 28. Светско првенство и официјално е спуштена. Во Стокхлом видовме одлична финална битка, Франција и Данска ги исполнија очекувањата, а како победник излегоа момците на Николај Јакобсен, славеа со 29-34. Данска испиша историја, стана првата селекција која успеала да дојде до три светски титули во низа.

Ова беше на кој правдата ја делеа македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, и овој пат беа на ниво на задачата.

Шмид постигна десет гола, Питлик беше реализатор на девет погодоци. Ремили реализираше шест, додека Мем еден помалку.

Данска влезе во дуелот моќно, делуваше дека ова финале ќе успее да го добие по само едно полувреме. Мечот го отвори со 2-6, долго време одржуваше предност од четири гола, а на средината на вториот дел успеа да поведе со 7-12. Сепак на другата страна „триоколорите“ не се откажаа во ниту еден момент, па дури и кога имаа и играч помалку. Максимално ја искористија кризата во редовите на противникот, со серија од 5-2 намалија на 14-15. На одморот беше 15-16.

Мем во вториот дел израмни ан 16-16. Данска повторно фати залет, ја зацврсти одбраната, па дојде на плус три 17-20 во 37 минута. Хансен, по малку чудно, првиот гол го постигна друи во 38 минута, од седум метри беше прецизен за 18-21. Неизвесноста продолжи, Франција успеа да дојде на еден гол негатива.

Јакобсен во завршните 15. минути внесе свежи сили, Ларсен, постигна два важни гола за плус три за неговиот тим 24-27 и 25-28. Претходно одлучи да го седне Хансен, да влезе Шмид. Ова беше целосен погодок, Данска, со две одбрани на Мелер се најдоа на чекор до титулата. Имаа водство од 27-31, не реализираа по вторпат за плус пет.

Не се откажа Франција, со два гола намали на 29-31. Питлик се врати во игра, веднаш зголеми на 29-32. Ландин фати важен седмерец, па славјето веќе почна, точка стави Шмид.

ПретходноБенфика не попушта, Челзи одлучил: Ќе „пукне“ 120 милиони евра за Фернандез!
СледноРемс го „смрзна“ Париз: ПСЖ остана без победа во 95. минута (ВИДЕО)