Елиф и Наполи трчаат кон Скудетото: Наполи ја среди и Рома (ВИДЕО)

247

Фудбалерите на Наполи ја победија Рома со 2:1 во 20. коло од Серија А и натаму јуришаат кон шампионскиот наслов. Тимот на Спалети повторно не беше на висина на задачата пред своите навивачи, и успеа да ја совлада Рома на Мурињо и покрај одредени нереализирани можности.

Осимен ги донесе наполитанците до 1:0 со гол во 17. минута, водство кое беше актуелно се до финалните 15 минути од средбата.

Рома добро притискаше во текот на целиот натпревар, а конечно во 75. минута преку Ел Шарави, да израмни на 1:1.

Лучијано Спалети се обиде да го размрда нападот со Џовани Симеоне на местото на Виктор Осимен, а претходно влезе  и нашиот Елиф Елмас. Токму Симеоне се покажа како клучен за победата со голот во 86. минута за експлозијата на стадионот „ Диего Марадона“.

 


Standings provided by Sofascore

 

ПретходноВрвни како и секогаш: Чиста десетка за Начевски и Николов, финале без „дамка“
СледноНов „кикс“ на Реал: Реми без голови на домашен терен