Ембид го надигра Јокиќ како одговор за Ол-старот (ВИДЕО)

165

Џоел Ембид со спектакуларна партија и донесе победа на Филаделфија против Денвер Нагетс од 126:119. Центарот на Сиксерс постигна дури 47 поени (шут од поле 18/31, тројки 4/7), а додаде и 18 скока, пет асистенции, три украдени топки и две блокади.

Актуелниот најдобар стрелец на НБА лигата (33,8 поени во просек) на тој начин го надигра Никола Јокиќ, кој од друга страна оствари учинок од 24 коша, девет асистенции и осум скока. Тоа е и еден вид одговор на Ембид на фактот дека тој не беше вклучен во почетната петорка на Ол-стар.

Добар натпревар за Сиксерси одигра и Џејмс Харден, кој забележа 17 поени, 13 асистенции и четири скока. За Нагетс, Џамал ​​Мареј го заврши натпреварот со 22 поени и шест асистенции, додека Мајкл Портер постигна 20 поени и забележа шест скока.

РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Денвер 126:119
Бруклин – Њујорк 122:115
Детроит – Хјустон 114:117
Орландо – Чикаго 109:128
Атланта – ЛА Клиперс 113:120
Минесота – Сакраменто 117:110
Њу Орлеанс – Вашингтон 103:113
Сан Антонио – Феникс 118:128
Бостон – Лос Анџелес Лејкерс 125:121
Јута – Далас 108:100
Портланд – Торонто 105:123

ПретходноРуди Гарсија: Роналдо ќе се врати во Европа, тој е еден од најдобрите
СледноЛеброн Џејмс полуде, се „фрли“ на теренот (ВИДЕО)