Катастрофа на Милан во дуелот со Сасуоло (ВИДЕО)

98

Одамна тимот на Милан не одиграл така лош дуел на домашен терен како оној предмалку, па не треба никого да зачуди што Сасуоло среде Сан Сиро славеше со нестрварни 2:5 во меч од најновото коло од Серија А.

Она што Милан денеска не го одигра, а го одигра Сасуоло е типичен пример за дебакл на фаворизирана екипа наспротив тим кој очигледно и тоа како знаеше да ги освои значајните бодови денеска од тешкото гостување.

Милан не заслужи ништо повеќе затоа што по поништениот гол на Жиру за водство, на спротивната страна се случи погодок на Дефрел, а поѕоа и на Фратези за 0:2 по само 21. минута игра.

Токму Жиру намалува на 1:2, и кога се помисли дека Милан се враќа во игра Берарди по двете асистенции погодува за 1:3.

Лауриенте од пенал за 1:4 го потврди дебаклот на домаќинот, а Матеус Енрике ја „пукна петардата“ во 79. минута.

Ориги сам намали на крајот на 2:5.

ПретходноПелистер поразен на дуелот со Златибор во АБА 2!
СледноГерманија е петта на Мундијалот