Екипата на Кожув забележа нова победа во македонското кошаркарско првенство. Вечерва во салата „Младост“ во Струмица, тимот од Гевгелија лесно и убедливо го совлада соседот со 104-53. Прв стрелец кај Кожуф беше Мајрон Гордон со 28 поени и 6 асистенции, а зад него беа Јузбашиќ и Мамузиќ со по 11 поени.
Во редовите на Струмица најмногу поени постигна Крстајиќ со 20.
Ова е петта победа сезонава на осмопласираниот клуб од Гевгелија, а единаесетти пораз на Струмица која е закована на дното на табелата.