Денеска се играат последните мечеви на Светското првенство. Во битката за златниот медал ќе се сретнат Данска и Франција, дуелот е закажан со почеток во 21 часот.
ИХФ одлучи главната задача на теренот да им ја додели на македонските судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Ова ќе биде трето финале во низа на Македонците, кои ја делеа правдата и на ЕП 2020 и на ЛОИ 2021.
Инаку пред почетокот на Мундијалот, двајцата судии беа посочени како едни од неколкуте двојки кои имаат спорни мечеви. Но, овој скандал не го смени мислењето на ИХФ за нивната просефионалност, ја добија најодговорната задача на Светското првенство – битката за титулата.