Попзлатанов се враќа во МЃП

956

Јован Попзлатанов ќе го засили тимот на Македонија Ѓорче Петров. Крилниот напаѓач се враќа во својот матичен клуб, откако претходната полусезона беше дел од Вардар.

Екс македонскиот младински репрезентативец со тоа ги решава сите дилеми зимава, затоа што имаше понуди како од Силекс и Брегалница, така и од странство.

Сепак, очигледно дека реши да му помогне на неговиот некогашен клуб, кој напролет има задача да го поправи впечатокот од есеноска.

 

ПретходноСкандалозно: Полјаците обвинуваат – судиите “местат“ натпревари во Анталија!
СледноДортмунд ја прекина победничката серија на Леверкузен (видео)