По двата порази и само една победа од стартот на годинава, ПСЖ, конечно, имаше шанса за втор триумф, но дозволи во последните секунди од мечот со Ремс на домашен терен да прими гол за нерешени 1:1.
Нејмар е човекот кој се потруди францускиот шампион да поведе со 1:0 и да дојде на чекор до нов триумф. Бразилецот погоди во 51. минута, но само 8 минути подоцна остана со играч помалку по црвениот картон на Верати.
Ремс беше упорен и во последната минута од продолжението успеа да искористи една полуконтра и преку Балогун да донесе голем бода за гостите.
Standings provided by Sofascore