Словачкиот одбранбен фудбалер Милан Шкринијар потврди дека се договорил со Пари Сен Жермен за трансфер од Интер на „Паркот на принцовите“, меѓутоа се уште ништо не е готово затоа што останува уште клубовите да се договорат околу висината на отштетата.
„Да, точно е. Потпишав за ПСЖ. Меѓутоа останува клубовите да се договорат“, изјавил Шкринијар во интервју за „ Futbolsfz“.
Инаку одамна се зборува за трансфер на Словакот во ПСЖ. Парижаните сакаа да го земат уште сега, но Интер не отстапи од бараните 20 милиони евра. Па доколку не дојде до поместување, тогаш словачкиот репрезентативец ќе дојде во Париз како слободен фудбалер во јуни.