Кристијано Роналдо неодамна го потпиша најголемиот договор во историјата на фудбалот. Саудискиот Ал Наср му плаќа 200 милиони евра по сезона во следните две и пол години, но според зборовите на менаџерот на тимот Руди Гарсија, тој тврди дека легендарниот Португалец нема да ја заврши кариерата во овој клуб.
Францускиот стручњак е убеден дека Кристијано ќе се врати во Европа и покрај тоа што за неколку дена ќе го прослави својот 38 роденден.
“Кристијано Роналдо е еден од најдобрите фудбалери во светот. Дефинитивно нема да ја заврши кариерата во Ал Наср. Сигурен сум дека ќе се врати во Европа”, изјави тренерот на саудискиот клуб.
Сепак, тешко е да се поверува дека тоа ќе се случи. Договорот што го има 37-годишниот Португалец е нешто што не се памети во светот на фудбалот и тешко дека ќе се откаже од него.
Исто така, на Стариот континент нема екипа која би му платила поголема сума на пари. Тој дефинитивно ќе мора да прифати значително помала плата и навистина е тешко да се очекува тоа да се случи.
Кристијано не се прослави на воведните натпревари за Ал Наср. Тој одигра два натпревари за својот нов клуб, но не постигна голови.
Роналдо имаше многу атрактивни потези во полуфиналето од Суперкупот против Ал Итихад. Сепак, клубот од тоа не доби ништо и Ал Наср беше поразен со 3:1.
На крајот на овој натпревар го повреди зглобот, но треба да биде подготвен за следните предизвици бидејќи не се работи за сериозна повреда.