Ах Јуве Јуве…. Монца за тебе е Формула 1 (ВИДЕО)

459

Дека на тимот на Јувентус има проблеми во моментов тоа не е тајна, но барем оние кои се засегнати и поврзани со великанот од Торино се надеваат дека истите нема да влијаат врз резултатите на тимот во моментов во Серија А. Се излажаа.

Предмалку среде Торино, Јувентус загуби од ни помалку ни повеќе, тимот на Монца со 0:2, во меч во кој гостите особено во првиот дел, кога и ги постигнаа головите и тоа како заслужија да водат, а подоцна и да победат.

Киуриа и Дани Мота во 18. односно во 39. минута и донесоа на Монца водство кое што подоцна беше задржано до самиот крај. Јуве во вториот дел имаше шанси, и тоа сериозни, постигна и гол кој беше поништен но не успеа да направи нешто конкретно со што би се спасил од пораз.

ПретходноМишов му донесе триумф на Тиквеш против Феризај
СледноГоран Пандев ја посети „Маракана“: Црвена Звезда ја сакам уште од дете