Официјално, Њукасл ги засили своите редови со младиот офанзивен играч за врска Ентони Гордон кој ги бојкотираше тренинзите на Евертон изминатите денови сакајќи да издејствува трансфер. „Карамелите“ кренаа раце и го продадоа 21-годишниот англиски фудбалер, а неофицијално сумата на трансфер е 40 милиони фунти плус 5 милиони во форма на бонуси, а договорот е до 2028 година.
А Лестер објави дека нов играч во тимот е бразилското крило Тете кој доаѓа како позајмен од редовите на Шахтјор Доњецк. Договорот е со важност до 1 јули оваа година без опција за откуп на договорот што значи дека играчот ќе мора да се врати во Шахтјор по истекот на позајмицата. Тој е првиот Бразилец во редовите на „лисиците“.
Инаку првиот дел од сезоната Тете го помина како позајмен во Лион со тоа што постигна шест гола и пет асистенции. На него му беше дозволено од ФИФА да го напушти Шахтјор после воената инвазија на Русија врз Украина, па тој прејде во Лион. Сега ќе игра за Лестер.