Германија е петта на Мундијалот

113

Во дуелот за петтото место на рекометниот Мундијал кој е во самиот финиш, репреземтацијата на Германија со конечни 28:24 беше подoбра од Норвешка. Со тоа, уште повеќе ја влошија ситуацијата на Норвежаните за кои шестата позиција на Светското првенство е рамно на дебакл.

Најпрецизни во составот на Германија беа Хефнер и Вицке со 5 гола, а кај Норвешка најефикасен беше Гулеруд со шест гола.

За седмото место денеска ќе спарингуваат репрезентациите на Египет и Унгарија од 15:30, часот, додека секако, главната програма стартува од 18:00 кога за третата позиција ќе се борат Шведска и Шпанија, а во финалето од 21:00 часот се среќаваат Франција и Данска.

 

 

ПретходноКатастрофа на Милан во дуелот со Сасуоло (ВИДЕО)
Следно„Лавовите“ без голови против ЦСКА Софија