Дани Алвеш на располагање има 100 евра неделно во затворот, пазарел скромно!

908

Дани Алвеш на најлош можен начин ја заврши фудбалската кариера. Легендарниот фудбалер беше обвинет за силување на 23-годишна девојка, што наводно се случило на 30 ноември, а очигледно ќе му се суди зад решетки.

Шпанските медиуми го следат секој негов чекор дури и во затвор. Така успеале да дознаат дека Алвеш има на располагање картичка од 100 евра на неделно ниво и откриле што купил од затворскиот пазар.

Затворениците ја добиваат оваа картичка од семејството и пријателите кои им плаќаат пари за да им го олеснат животот на нивните најблиски зад решетки, па семејството на познат фудбалер реши да му го олесни животот зад решетки.

Иако, за разлика од другите, има фина сума на неделно ниво, Алвеш потрошил само 17,33 евра, а листата на работи кои ги стекнал изгледа доста интересна.

Според шпанските медиуми, 39-годишниот фудбалер „купил“ шест јогурти кои чинат по 50 центи, четири лименки туна (по 88 центи), шампон (2,42 евра), дезодоранс (2,39 евра) и четири енергетски пијалоци (по 1,5 евра).

Алвеш имал опција за дополнителни бенефиции во затворот, како непречено гледање телевизија или неограничен тренинг, но Бразилецот реши да се откаже од тие работи бидејќи не сака да слуша што се зборува за него надвор од затворот.

ПретходноПосле Роналдо, строгоста на Тен Хаг ја почувствува уште еден фудбалер!
СледноИсторија: Три во низа за Данска или „седмо небо“ за француските експерти?