Репрезентацијата на Данска без разлика на крајниот исход на дуелот против Франција во финалето на Светското првенство веќе обезбеди билет за Олимписките Игри 2024 година во Париз.
Франција како домаќин на ОИ веќе има директно место, па токму затоа Данска пред вечерашната пресметка (21 часот) веќе е промовирана како сигурен учесник.
Во квалификациите за Игрите се пласирани и репрезентациите од 3-8 место, а следен кој чека место е Хрватска, а по нив како деветопласирана би можела да оди и Словенија.
До сега потврден е само пласманот од 9-32 место на СП. Комплетната слика ќе биде позната денеска.