Маестрална асистенција на Де Пол и гол на Саул за победа на Атлетико во Памплона

91

Во шпанската Ла Лига, Атлетико Мадрид си замина од „Ел Садар“ во Памплона со три бода откако го совлада домашниот тим на Осасуна со 1:0. Погодокот за триумф падна во 74 минута. Тоа беше маестрална асистенција на Родриго де Паул до напаѓачот Саул Нигез кој изби сам пред противничкиот голман и го совлада.

Интересно, ова е четврти гол на Саул откако влегува од клупата на еден меч на Атлетико. Исто така тој ја прекина и својта неуспешна низа од 35 меча без погодок.

Атлетико по 19 кола има 34 бода односно скор од 10 победи, 4 ремија и 5 порази. Осасуна е седма со 28 бода.

Osasuna 0 – [1] Atletico Madrid – Saul Niguez 75′

Video Osasuna 0 – [1] Atletico Madrid – Saul Niguez 75′ was uploaded to Streamin.me on Jan 29, 2023.

ПретходноОдермат доминантeн во Кортина, изненадување кај жените на слаломот во Чешка
СледноСкандалозно: Полјаците обвинуваат – судиите “местат“ натпревари во Анталија!