Од доаѓањето на Тен Хаг на клупата на Манчестер Јунајтед многу работи се променија. Името на фудбалерот нема поголема тежина од тренерското и се знае кој е главен во соблекувалната.
Ова на своја кожа го почувствува едно име како Кристијано Роналдо, а истиот режим важи и за сите останати. Тен Хаг без пардон спроведува дисциплина во редовите на „црвените ѓаволи“.
Тоа го потврди со својата изјава за улогата на Хари Мегваер, кој беше запоставен на последните натпревари, па дури и левиот бек – Лук Шо имаше предност пред стоперот пред него.
„Хари мора да се бори за својата позиција бидејќи работите можат брзо да се променат. Се е во негови раце, можам да го видам како напредува. Мегваер ќе играше повеќе по Светското првенство, но се разболе. Кога се врати, бевме во добра низа, знаеше дека треба да ја чека својата шанса. Тоа се правилата“, изјави Тен Хаг.
Манчестер Јунајтед е четврти со 39 бодови во Премиер-лигата, со единаесет бода помалку од лидерот Арсенал.