Ненад Димитријевиќ постигна 9 поени во тешката победа на неговиот Уникс Казан во продолжението од ВТБ лигата. Денеска Уникс на домашен терен минимално со 86:85 славеше над Нижни Новгород, во првиот натпревар од новата фаза во ВТБ лигата.
Димитријевиќ покрај деветте поени, реализираше и два скока и пет асистенции. Поради пет лични грешки нашиот „плеј“ натпреварот го заврши предвреме и на теренот помина 24 минути.