Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски вчера беше поразен во финале на ИТФ турнирот во Монастир (Тунис). Ивановски имаше шанса да дојде до трофејот, но на крајот беше совладан од домашниот претставник Моез Ешраги со 1:2 во сетови.
И покрај ова македонскиот тенисер направи напредок на АТП-листата. Оваа недела ја почнува со скок од девет место. Тој се наоѓа на 534 место, што е најдобар ранкинг во неговата кариера.
На врвот се врати Новак Ѓоковиќ на АТП листата која мораше да го препушти во јуни. Српскиот тенисер направи скок од четири место откако го освои Австралијан Опен, има 7.070 поени. Тој е пред Шпанецот, Карлос Алкараз, Стефанос Циципас, Каспер Руд и Андреј Рубљев.