Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов имаше одлично деби во дресот на послкиот прволигаш Краковија. Вечерва во меч од 18. коло на полската екстракласа, Атанасов беше стартер за Краковија одигра 90 минути пред да биде заменет во судиското продолжение, но вбеше еден од најзаслужните во победата на домашниот тим од 2:0.
Уште во првиот меч за полскиот тим Атанасов имаше една асистенција при постигнувањето на првиот гол за водство од 1:0. Според оценките кои ги добија играчите по мечот, нашиот репрезентативен играч за врска беше еден од двајцата најдоброоценети фудбалери во победничкиот тим.