Ремс поради тренерот на секој меч плаќа казна од 25.000 евра

1014

Францускиот прволигаш Ремс мора да плаќа „пенали“ по секој натпревар на кој тренерот Вил Стил е на кормилото. Францускиот клуб плаќа по 25.000 евра затоа што Стил нема лиценца.

Овој 30-годишен тренер се уште учи за Про лиценца на УЕФА која му е потребна за да води екипа од Лига 1. Затоа што Стил нема, Ремс мора да плаќа казна по секој меч.

А Стил работи одлична работа во Ремс затоа што неговата екипа врза серија од 12 меча без пораз во најсилната француска лига (осум ремија и четири победи). Во неделата одиграа 1:1 на гости кај ПСЖ. Тие се на 11 место на табелaта.

ПретходноТодоровски постигна маестрален гол во победата на Сумгајт (видео)
СледноЧелзи се согласи да плати 120 милиони за Енцо на рати, a Бенфика ја бара целата сума