Славниот актер го доби најлошото седиште на стадионот и не правеше проблеми!

902

Хју Грант е еден од најпознатите актери во В. Британија па и во светот. Зад себе има оставено десетина, ако не и стотина исклучителни филмски улоги. Познат е како голем фан на Фулам, често може да се забележи на трибините на стадионот “Крејвен Котиџ“, но не во ложата туку на останатиот дел од трибините, таму каде што е обичниот народ што се вели.

На последниот меч на Фулам со Сандерленд од 1/16 финалето во ФА Купот, Грант малку задоцнил, па си купил карта за седиштетот кое важи за едно од најлошите на стаднионот. Се гледа дека пред него има столб и тој мораше во текот на целиот меч да се помрднува за да види што се случува на теренот.

Интересно е тоа што не правел никакви проблеми.

Е, сегам, замислете ова да се случи кај нас. Некоја позната “фаца“ од шоу – бизнисот да дојде на стадион и да го гледа целиот меч а пред него столб?

Немојте, тоа не може да се замисли зошто кај нас тие познати “фаци“, без разлика дали станува збор за спортски или било каков друг настан бараат специјални ВИП билети за кои не плаќаат или пак гратиси.

ПретходноТурчин ќе игра за Силекс
СледноTатарушану го продолжи договорот со Милан, а Рома испрати напаѓач во Специја