Стоилов: Фаворити сме, но тоа треба да се докаже на терен!

186

Домашната ракометна јавност, потоа фановите на Вардар, секако и сите во клубот, очекуваат победа против Партизан во вториот меч од сезоната во СЕХА лигата. Натпреварот се игра во Скопје во среда и тоа со почеток од 18 часот.

Капитенот Стојанче Стоилов за овој натпревар истакнува:

Очекувам и се надевам дека нашите фанови ќе дојдат во што поголем број да ни ја дадат поддршката. Партизан е млад тим, ние играме дома, фаворити сме, но тоа треба да го докажеме на терен. Со Татран имавме конфузен настап, имаме четири нови играчи, треба да се вклопат кокците. Имавме напорно патување од Прешов, но секако дека треба да покажеме карактер и да го добиеме мечот со Партизан“ заврши Стоилов.

ПретходноВладо Недановски пред дуелот со Партизан: Допрва ќе имаме вистинска слика за новиот Вардар!
СледноПРВА ЛИГА ЖЕНИ: Бадел 1862 ја прекина серијата на Баскет Кам!