Во азербејџанската Премиер лига, во рамките на 20 коло, екипата на Сумгајт го совлада Туран со 2:1. Серијата на погодоци ја отвори македонскиот репрезентативец Тодор Тодоровски во 28 минута. Десниот бек, поранешен играч на Вардар и на Металург реализираше маестрално. Тој се спремаше да нафрли меѓутоа топката ги прелета сите во играчи во противничкиот шеснаесетник, го изненади и голманот и заврши во мрежата.