Адетокумбо го одигра мечот на сезоната! Никој вака лесно не стигнал до поени (ВИДЕО)

128

Зад Јанис Адетокумбо е нова одлична партија. Милвоки на домашен терен славеше против Њу Ореланс со убедливи 135-110.

Грчкиот ѕвер за 30 минути постигна 50 поени, погоди 20 од 26 удари од поле или имаше високи 77%. Погоди три од четири тројки и седум од 12 слободни фрлања, а имаше и 13 скока и четири асистенции.

Ова е прва сезона во која Јанис двапати стигна до 50 поени, откако во Вашингтон на почетокот на месецот постигна 55. Во последните 30 години само седум пати се случиле мечеви со 50 поени и најмалку 75% шут, два се во сопственост на Јанис.

Иако погоди три тројки, Адетокумбо традиционално најголема опасност доаѓаше од рекетот од каде постигна 30 поени. Веќе 10-ти пат во кариерата има 30 поени од рекетот, а единствениот човек од 1996 година кога почна да се одржува таа статистика, кој имаше двоцифрена бројка на вакви игри беше Шекил О’Нил.

Милвоки има скор од 33/17 и се наоѓа на третото место на табелата во Источната конференција.

Резултати:
Шарлот – Мајами 122:117
Мемфис – Индијана 112:100
Кливленд – ЛА Клиперс 122:99
Милвоки – Њу Орлеанс 135:110

ПретходноНа пола сезона Клоп и „црвените“ имаат двојно повеќе порази од лани
СледноДанскиот јунак ги собра сите признанија, па порача: Тоа не ми значи ништо!