Само двајца кандидати останаа во трката за преземање на селекторското место во фудбалската репрезентација на Белгија. Според тамошните медиуми, Белгиската федерација во деновите по Нова година почнала завршни преговори со Доменико Тедеско и Питер Бош.
Моментално прв фаворит е Тедеско, кој е амбициозен млад стручњак со само 37 години, но кој зад себе веќе има искуство како тренер во големи клубови (Лајпциг, Спартак Москва, Шалке). Италијанецот има подобри шанси од Питер Бош, кому последна тренерска работа му беше на кормилото на француски Лион од каде замина кон крајот на минатата година.
Ниту Тедеско, ниту Бош досега немаат работено како селектори на репрезентација.